ПОЧЕТНА Некатегоризирана АБА појаснува: Имаме гаранции од Евролига

АБА појаснува: Имаме гаранции од Евролига

сподели
фото: aba-liga.com, Partizan NIS

Паниката што го зафати регионот по последниот состанок на ECA ја смирува потпретседателот на Јадранската лига, Домагој Чавловиќ.

Тој присуствуваше на фамозната средба во Минхен и тврди дека не е онака како што беше најавено – дека АБА ќе го загуби единственото место во Евролигата.

„Во следните две години шампионот на АБА лигата ќе има сигурно место во елитата. Евролигата воведе низа новини, меѓу останатото го промени системот на распределба на местата според кој повеќе не постои директен пласман од домашните првенства, како и од регионалните натпреварувања.

Сепак, и во новиот систем АБА доби цврсти гаранции дека преку распределбата на трите вајлд-карти че има место во Евролигата. На нас е сега задачата, низ заедничка работа да се подигнеме на повисоко ниво, да ја оправдаме довербата и да се избориме за уште подобар статус на нашите клубови“, истакна Чавловиќ за официјалната интернет страница на АБА.

Меѓу учесниците во регионалното натпреварување нема ниеден со А-лиценца за место во Евролигата, па затоа АБА ќе биде меѓу оние со предност при доделување специјални покани.