ПОЧЕТНА АБА АБА остана без место во Евролигата!

АБА остана без место во Евролигата!

сподели
euroleaguebasketball.net

На состанокот на ECA (Euroleague Commercial Assets) одржан во Минхен одлучено е елитното кошаркарско натпреварување и во сезоната 2020/21 да остане со 18 клуба, но нзначајно ќе биде променет начинот на кој некои клубови ќе стекнуваат право за учество.

Од идната сезона домашните и регионалните лиги нема да бидат квалификациски за Евролигата, па затоа ни шампионот на АБА нема да има загарантирано место. Четирите кои беа резервирани за АБА, АЦБ, Бундес и ВТБ лигата, не сметајќи ги сопствениците на А-лиценца, ќе бидат претворени во три специјални покани и второ место за клуб од Еврокупот.

Структурата на Евролигата во сезоната 2020/21 ќе биде ваква: 11 А-лиценци (Реал, Барселона, Басконија, Фенербахче, Ефес, Панатинаикос, Олимпијакос, ЦСКА, Макаби, Жалгирис и Армани), две двегодишни „вајлд карти“ (Баерн и АСВЕЛ), три едногодишни „вајлд-карти“ два клуба од Еврокупот (шампионот и вицешампионот, со одредени дополнителни услови).

Веројатно ова не значи дека нема да има претставник од АБА лигата бидејќи во соопштението од Евролига е наведено дека приоритет при доделувањето „валјд-карти“ ќе имаат регионалните натпреварувања, но сепак тоа ќе значи дека местото на победникот во јадранското друштво не е загарантирано како што беше досега, туку тој ќе треба да исполни одредени услови.

Не постои опасност АБА лигата да се расформира бидејќи клубовите од овој регион ќе останат и без единствената можност да играат во Евролигата.