ПОЧЕТНА АБА АБА лигата има нова суперсила

АБА лигата има нова суперсила

сподели
FOS Media

Црвена Звезда, Будуќност и Партизан ќе имаат голем конкурент во борбата за шампионската титула во АБА лигата претстојната сезона.

Екипата на Морнар за неколку дена создаде исклучително силен тим кој сигурно ќе има што да каже во регионалното друштво, но и во домашна конкуренција. Последното засилување е Дамир Маркота, пред него во екипата се вратија Брендис Рејли Рос и Дерек Нидам, а дојдоа и Сеад Шеховиќ и Милко Бјелица.

Се очекува во следните денови да бидат потврдени трансферите на Антаби Волер и Џејкоб Пулен.

Морнар беше шампион на Црна Гора минатата година, оваа за малку не успеа да ја одбрани титулата која отиде кај Будуќност.