ПОЧЕТНА ЕВРОПА АБА лигата има нова сила

АБА лигата има нова сила

сподели
aba-liga.com

Покрај Партизан и Црвена Звезда, како и фузираната Олимпија Цедевита, највисоки цели во новата сезона од регионалното натпреварување има и тимот на Морнар.

Црногорскиот вицешампион се засили во текот на летото со неколку искусни и квалитетни кошаркари и веднаш покажа дека ќе биде тим за респект. Во првото коло од АБА лигата Морнар ја победи Цибона во Загреб со 88:92, а мечот го одбележаа неколку пресврти.

Најефикасен беше Џејкоб Пулен со 21 поен, Бјелица и Маркота постигнаа по 18. Кај Цибона, Гибсон беше прв стрелец со 17 поени.