ПОЧЕТНА Некатегоризирана АБА лига или мини-НБА?

АБА лига или мини-НБА?

сподели
Рашад Вон (фото: NBA.COM)

Регионалното натпреварување од година во година е се посилно и поквалитетно, а една од причините за тоа е одлуката на Евролигата да го прими победникот во свое друштво.

Тоа е уште еден мотив за учесниците да направат конкурентни екипи и со нив да ја нападнат титулата која овозможува дружба со богатите. Претстојната сезона АБА лигата ќе биде посилна од кога било порано барем што се однесува до имињата на кошаркарите (пред се странските) што ќе играат во неа.

Огњен Кузмиќ додека беше член на Голден Стејт (фото: Golden State Warriors)

На безмалку два месеца пред почетокот на сезоната пријавени се 11 кошаркари кои во периоди од своите кариери играле во НБА лигата. Распоредени се во седум екипи.

Најмногу има Црвена Звезда – четворица (Дерик Браун, Лоренцо Браун, Чарлс Џенкинс и Огњен Кузмиќ), Морнар има двајца (Дамир Маркота и Џејкоб Пулен), а Партизан (Маркус Пејџ), Олимпија (Елџин Кук), Цибона (Квинси Милер), Игокеа (Рашад Вон) и Крка (Гани Лавал) по еден.

Квинси Милер е повратник во АБА, веќе играше во неа како член на Црвена Звезда пред три години

Тоа не се играчи кои ја „запалиле“ НБА, ниту оставиле којзнае колку длабока трага, но сигурно е прв чекор кон доаѓањето на нови поголеми ѕвезди во АБА лигата. Од нив, Вон е најзвучно име бидејќи во 2015 година беше избран како 17-ти пик на драфтот од Милвоки и во Бакс помина три сезони. Потоа беше член на Орландо и Бруклин и одигра 139 натпревари во НБА.

До почетокот на новата сезона има доволно време оваа бројка и да се зголеми, можеби и останатите учесници да донесат уште по некој играч што играл во НБА лигата. А, кога само ќе се сетиме дека пред три месеци и предвидуваа колапс на АБА…