ПОЧЕТНА ЕВРОПА АБА 2 има само еден лидер – МЗТ Скопје!

АБА 2 има само еден лидер – МЗТ Скопје!

сподели

Ако до претходното коло првата позиција на табелата во регионалното натпреварување ја делеа две екипи, сега таму е осамен македонскиот шампион. Причината е едноставна – го победи директниот ривал Борац на домашен терен со 76:69.

Одлична одбрана во последната четвртина во која гостите постигнаа само девет поени иако во неа влегоа со предност од 57:61. МЗТ Скопје на вистински начин ја почна тешката недела во која треба да оди и во Гостивар, а во следното коло игра во Никшиќ, против Сутјеска, еден од ривалите за највисок пласман во АБА 2.