ПОЧЕТНА Во позадина 6.5 милиони причини, да не се вратиш дома?

6.5 милиони причини, да не се вратиш дома?

сподели
Teo4

Најдобриот српски плејмејкер последниве 20-тина години, потпиша за италијанската екипа Виртус од Болоња. Да беше ова наслов пред две или три децении, немаше да биде нешто бомбастично. Но, денес е и тоа каков показател, за кошаркарската реалност на нашиве простори.

Челниците на Црвена звезда најавуваа дека ќе му ги исполнат сите услови на Милош Теодосиќ ако тој посака да дојде во Црвена звезда, тим за кој навива, што го бодри од трибините кога може, за кој изјави дека сака да му биде една од дестинациите не кога ќе има 35 години, туку кога ќе биде во зенитот на околу 30-32 години.

Тео има 32 години, но се реши за Италија. Ќе заработи 6.5 милиони евра за три сезони. Ќе игра во некогаш најславната италијанска екипа и ако не најдобра, тогаш сигурно најпопуларна на Стариот континент на преминот меѓу 20-тиот и 21-от век. Дали парите и славата беа пресудни?

Наместо да игра во Еврокупот на УЛЕБ, Теодосиќ можеше да бира – дали ќе игра во ЦСКА Москва каде помина 6 сезони и која остана без Родригез и Де Коло на плејмејкерската позиција, или во Црвена звезда која се врати во Евролига и која ќе настапува пред вулканска публика, во еден од најуспешните европски клубови Макаби од каде доби(л) најголема финансиска понуда… или каде сака…

FIBA

Кои се вистинските причини?

Милош е познат во јавноста како скромно момче, што зад себе нема афери, човек што многупати во кариерата бил оспоруван, но што се во животот постигнал со напорна работа и со квалитет.

Се реши за екипа чијшто спонзор Сегафредо има милијарди, но инвестира полека во градење стабилна структура. Се реши за тренер којшто знаеше да победува како играч и којшто знае да победува како стратег.

Zurnal.rs

Милош Теодосиќ ќе игра кај Александар Ѓорѓевиќ затоа што избега од притисокот на модерното време, затоа што во Болоња ќе добие мир и спокојство, ќе биде заштитен од добра организација, ќе се движи во прекрасна атмосфера, ќе прима солидна плата, ќе биде „блиску“ до дома и ќе има одлична „лапачка“ во рестораните…

Животот го прават „малите“ нешта, сензационалноста не е секогаш пресудна… Од нас – ОГРОМНО БРАВО, Милоше!!!