ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА 3×3 2К18: Кантина ги ожнеа наградите

3×3 2К18: Кантина ги ожнеа наградите

сподели

На вториот турнир во 3х3 баскет, одржан изминатиот викенд на платото на последниот кат од паркингот во скопскиот Сити Мол, екипата на Кантина беше најдобра во сите категории.

Освен титулата, што е најпрестижната награда на трнирот, втората екипа (Кантина 2) го освои третото место, а по еден играч од двете екипи беше најдобар во забивање, односно тројки.

Аплицирајте веднаш за

Во финалето, екипата на Кантина славеше против Баду Бар, додека во забивање титулата ја овои Кичо Ристовски (Кантина), а најдобар шутер беше Ѓорѓи Гетов (Кантина 2).

На турнирот учествуваа само македонски екипи и беше презентирано завидно ниво на организација, што покажува дека овој некогаш уличен спорт, полека си го добива своето место и во институциите кај нас.

Македонската кошаркарска федерација и Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Здружението 3х3 Баскетбалл од Македонија, најавија дека ќе сторат се, оваа дисциплина да има наш претставник на Летните Олимписки Игри.

Токио 2020 е преголем залак, со оглед на тоа што здружението, кое што е лиценцирано од ФИБА за организација на вакви турнири, постои само една година, но Париз 2024 е реален таргет.