ПОЧЕТНА А Репрезентација ЏОРДАНКО И ЏОРДАН: Селекторот го воведува плејмејкерот во тајните на нашата стратегија

ЏОРДАНКО И ЏОРДАН: Селекторот го воведува плејмејкерот во тајните на нашата стратегија

сподели

Во првото запознавање со новиот организатор на играта, селекторот Јорданчо Давитков полека му ги објаснуваше акциите и дриловите на Џордан Теодор, пред почетокот на првиот тренинг.

Улогата на новиот Американец со македонски пасош ќе биде круцијална за нас, не толку во претквалификациите, колку што очекуваме тоа да биде во квалификациите.

Џорданко е прекарот на нашиот селектор во азиските земји, каде што работи последниве години и има успешна тренерска кариера.

Сепак, прво ќе мора да се одработат натпреварите со Естонија и со Косово, да се обезбеди пласман во квалификацискиот циклус за СП 2019 во Пекинг, па дури потоа да зборуваме за тој сегмент од годината што следува.

Аплицирајте веднаш за

Мечевите во август, против Естонија и Косово се клучни за нашата кошарка и за понатамошниот тек на нашата кошаркарска историја.