ПОЧЕТНА Евролига Џинот на Реал – најдобар дефанзивец во Евролигата

Џинот на Реал – најдобар дефанзивец во Евролигата

сподели

По наградите за Мајк Џејмс за прв стрелец и Гога Битадѕе за ѕвезда во подем, прогласен е и најдобриот одбранбен играч во елитното натпреварување.

Признанието оди во рацете на центарот на Реал, Валтер Таварес кој во гласањето ги победи Никола Калиниќ, Јан Весели и Брајан Данстон. Кошаркарот од Зеленортските Острови, висок 220 сантиметри и со распон на раце од 236 сантиметри, сезонава просечно остваруваше по 1,7 блокади по натпревар и заврши на првото место во оваа статистичка категорија.

Освен тоа, беше петти скокач со 6,2 скока по натпревар од кои 4,4 во одбрана. Тоа му помогна на Реал да оствари рекорд во Евролигата со просек од 27 дефанзивни скока по натпревар.

Таварес е прв кошаркар на европскиот првак кој го добива признанието за најдобар дефанзивец во лигата, а своето име го запиша покрај легенди како Димитрис Дијамантидис и Андреј Кириленко. Гркот е рекордер со шест вакви награди: 2005, 2006, 2007, 2008, 2009 и 2011 година.