ПОЧЕТНА НБА Џинобили оди меѓу легендите на 28 март

Џинобили оди меѓу легендите на 28 март

сподели

Сан Антонио Спарс објави дека ќе го повлече од употреба дресот со број 20 кој претходните 16 години беше сопственост на Ману Џинобили.

Свеченоста ќе се одржи на натпреварот против Кливленд Кавалирс на 28 март 2019 година на паркетот на АТ&T центарот, а бројот на легендарниот Аргентинец ќе биде деветти подигнат под сводовите на арената.

Аплицирајте веднаш за

Пред Џинобили, слична чест добија уште: Брус Боуен (12), Тим Данкан (21), Шон Елиот (32), Џорџ Гервин (44), Ејвори Џонсон (6), Џони Мур (00), Дејвид Робинсон (50) и Џејмс Сајлас (13).

Во 16-те сезони во дресот на Спарс, Ману освои четири шампионски титули и има ефект на победи од 72,1% (762-295), највисок во историјата на НБА лигата меѓу играчите со најмалку 1.000 одиграни натпревари.

Избран од Сан Антонио како 57. пик на драфтот во 1999 година, Џинобили одигра 1.057 натпревари постигнувајќи во просек по 13,3 поени, 3,8 асистенции, 3,5 скока и 1,32 украдени топки за 25,4 минути.

Рекордер е на франшизата по бројот на постигнати тројки (1.495) и украдени топки (1.392), трет е по одиграни натпревари, четврти асистент (4.001), четврти по бројот на погодени слободни фрлања (3.380) и петти стрелец (14.043).

Покрај Леброн Џејмс, Џинобили е единствен кошаркар во плеј-оф историјата до најмалку 3.000 поени и 300 тројки.