ПОЧЕТНА Евролига ЏИКИЌ: Ги газам, ги „вреѓам“, но и ги штитам!

ЏИКИЌ: Ги газам, ги „вреѓам“, но и ги штитам!

сподели
fosmedia.me

Поранешниот македонски селектор загуби и од Макаби, во новата сезона на Будуќност во Евролига, со 68:78.

Ова беше трет пораз во три кола за црногорскиот и АБА шампион, но харизматичниот стратег вели – „Идемо даље“!

„30 минути бевме во игра. Загубивме. Одиме понатаму. Ова ни беше натпревар број 4 во само 7 дена. Бевме блиску, но мора да научиме да ги „затвораме“ натпреварите.“ – изјави Александар Џикиќ.

euroleague.net

Тренерот на Будуќност, изјави дека воопшто не е мек кон неговите играчи, асоцирајќи дека тоа е нормално во светот на спортот и на кошарката.

„Јас играчите ги навредувам, ги газам, не сум воопшто пријатен, но истовремено и ги штитам.“ – заклучи Џикиќ.

reprezentacija.me
Аплицирајте веднаш за

Српскиот тренер е првиот без американско искуство, што беше назначен за асистент во еден стручен штаб на НБА тим, односно во тоа време (2005) само вториот неамериканец кој што бил асистент или тренер во НБА лигата.