ПОЧЕТНА АБА Џејмс Вудард, МВП на првото коло во АБА 2

Џејмс Вудард, МВП на првото коло во АБА 2

сподели
фото: MZT Skopje Aerodrom/Petr Stojanovski

Еден од четворицата странци во тимот на МЗТ Скопје го одбележа воведниот круг од втората лига во регионалното натпреварување.

Џејмс Вудард го предводеше својот тим до првата победа, против Хелиос Санс со 92:79. За речиси 34 минути на теренот, тој постигна 19 поени, пет скока, четири асистенции и две украдени топки за вкупен индекс 25.

Интересно е тоа што плејмејкерот на МЗТ Скопје немаше највисок индекс во ова коло од АБА 2. Подобри од него беа Рашун Дејвис (27) од Рогашка и Радован Ѓоковиќ од Борац (26), а Светозар Стаменковиќ имаше идентичен ефект.

Аплицирајте веднаш за

Сепак, Рогашка и Борац не победија во првото коло, па тоа му овозможи на Вудард да се радува на индивидуалното признание.

Во вториот круг, тимот од Аеродром повторно игра на домашен терен и тоа против Борац, еден од фаворитите за највисок пласман.