ПОЧЕТНА А Репрезентација Ќе загубиме ли уште еден талент, ќе ни го лапнат ли Србите?

Ќе загубиме ли уште еден талент, ќе ни го лапнат ли Србите?

сподели
Михаил и Петар Наумоски - Instagram

Синовите на Петар Наумоски активно тренираат кошарка, во моментов се големи таленти, а можно е едниот од нив да го искористи своето српско потекло (неговата мајка е Србинка, а тој има и српски пасош) и да заигра за селекцијата на Србија:

„Михаил има 14 години, многу е талентиран и граден е кошаркарски, има долги раце и големи дланки, долги нозе, брзина и го поседува мојот карактер – има огромна желба да тренира и да се докажува.

Тој сега живее со мене и игра во Вардар, има специјална програма по која што тренира 2-3 пати дневно, со посебни тренери. На Мега Бемакс и „даде“ 32 поена, а претходно до јуни играше во Партизан и во Израел.

Не можам да кажам за која (сениорска) репрезентација ќе избере да игра (сега игра за У14 Македонија) или како ќе му се одвива кариерата, но никогаш не вели никогаш. Ние веќе имаме еден стан во Белград, така што, се е можно.“ – изјави Наумоски за српскиот портал Блиц.

Браќата Наумоски во моментов се заедно и работат макотрпно, со цел да напреднат во клучната фаза од нивните кариери, кога треба да го добијат кошаркарскиот код на работа и тренинг, што е единствениот пат до успехот.

„Повозрасниот син, Адријан има 16 години и тој до неодамна мислеше дека е најдобар и дека не треба да тренира. Откога двајцата живеат заедно, ја сфатија поентата на кошарката и сега работат напорно, секој ден.“ – вели Наумоски, за Блиц.

Драган Луковски – долу, лево, шампион на СП 1998 во Атина со СР Југославија.

Проблемот на македонската кошарка е неадекватната работа со младите категории, поради што последниве две децении немаме „извадено“ ниту еден врвен кошаркар, а оние таленти што сме ги имале и што ги имаме стануваат, односно останувале „чеда на просекот“ или се решавале, односно решаваат да настапуваат за други селекции.

Ќе ги наведеме само Алек Угриновски (Хрватска), Ненад Зивчевиќ (Србија) и Драган Луковски (Србија) од минатото, односно Кристијан Николов (кој што се откажа од македонско државјанство и има турско) и Андреј Магдевски (кој што не се проби иако играше и во Реал Мадрид) од сегашноста, иако листата е долга.

Ненад Зивчевиќ жнееше медали со младинската селекција на Србија (три злата на ЕП 2003, 2005, 2007), играше со големите таленти Милош Теодосиќ, Новица Величковиќ и останатите (фото: 2.bp.blogspot.com).

Првите двајца, Угриновски и Зивчевиќ освен во младинските категории, не успеаа да „направат“ некоја особено плодна сениорска кариера, додека третоспоменатиот беше дел од една супериорна генерација на северниот сосед.

Синот на Јанко Луковски, Драган (1975), кој што е чист Македонец по потекло и роден во Скопје, со селекцијата на Југославија освои злато на СП 1998 во Атина и бронза на ЕП 1999 во Франција.

Да не заборавиме и дека Џеди Осман е роден во Охрид, а во моментов игра во НБА лигата и за селекцијата на Турција.

Марек Јанкуловски – десно, играше за Чешка и „се правеше дека не знае“ за неговото македонско потекло (фото: 1gr.cz).

Ќе направиме и „мала“ паралела со огромно значење (односно негативни последици) за нашиот спорт, а тоа е изјавата на фудбалерот Марек Јанкуловски, чиј што татко е Македонец, пред еден натпревар со Чешка во Скопје, кога в лице ни рече дека прв пат од нашите новинари слуша дека е Македонец.