ПОЧЕТНА Во позадина Ќе заглави ли сообраќајот од Аеродром до Центар?

Ќе заглави ли сообраќајот од Аеродром до Центар?

сподели
Youtube

Во идеални услови, кога кошарката би ни била на нивото кое што го посакуваме, или кога публиката наша би ја сакала кошарката како што тоа се случуваше некогаш, околу 2.000 љубители на кошарката би се упатиле од едната кон другата сала.

Од 17:30 играат МЗТ Скопје и Гостивар, резултатот е 2:0. Од 19:00 играат Работнички и Блокотехна, таму е 1:1 и се е можно. Замислете 4.000 кошаркарски фанатици во Аеродром, од кои 2.000 неутралци и кошаркарски работници, по завршувањето на дуелот упатени кон СЦ Борис Трајковски.

Ако се земат предвид и околу 2.000 гостиварци кои што би допатувале на решавачкиот натпревар за нив, кој што значи живот или пораз во полуфиналната серија, и тоа во главниот шпиц во градот, тогаш ќе треба да се насочува сообраќајот по сите една-и-пол главни сообраќајници во нашата престолнина, од кои само половина сообраќајница е функционална, затоа што на неа не се работи некаков зафат.

Кога тие 50% и оние 2.000 би тргнале кон Центар односно Карпош, односно дома, би се натправила таква гужва по улиците, како за Папата. Барикади насекаде, режим на сообраќај, насочување на автомобилите…

Од овие сништа, единствено гостиварци може да го преплават Скопје, како на првиот меч од полуфиналето со вицепрвакот. Другото е скоро невозможно, односно реално невозможно.

medium.com

Но, добро е да сонуваш, тогаш значи спиеш, велат лекарите. Каде бе ти сонуваш 4, или 6.000 луѓе на кошарка? Па не е ова митинг, бе! Еј, чекај, а терминиве на двата натпревара се преклопуваат? Хмммм…