ПОЧЕТНА Некатегоризирана Ќе биде борба натпреварот да се одигра во Пионир!

Ќе биде борба натпреварот да се одигра во Пионир!

сподели
фото: Crvena zvezda mts

Првиот финалист во АБА лигата им се обрати на навивачите и им порача дека ќе се бори до последниот атом на силата, првиот натпревар од финалната АБА серија да се одигра во матичната сала.

Ќе направиме се што е во нашата моќ, да истрчаме на паркетот во арената „Александар Николиќ“, изјавиле од КК ЦЗ низ медиумите кај нашиот северен сосед.

Во ист термин, Србија игра пријателски футсал натпревар против Бразил закажан во поранешен Пионир, додека Црвена звезда ќе се бори за влез во Евролига преку титулата во регионалното натпреварување.