ПОЧЕТНА Други репрезентации Јуниорите на гости во Романија

Јуниорите на гости во Романија

сподели

Јуниорските селекции во машка и во женска конкуренција претстојниот декември ќе земат учество на пријателски турнир што ќе се одржи во Романија.

Неколку дена откако репрезентациите до 16 години (машки и женски) и двете репрезентации од проектот „Заедно до М16“ ќе се вратат од Романија, репрезентациите до 18 години ќе заминат за романската престолнина Букурешт.

Натпреварите ќе започнат да се одигруваат на 19. декември, а турнирот ќе заврши на 21. декември.

Покрај нашите репрезентации и на домаќинот-организатор на овој турнир Романија, своето учество го пријавија Бугарија и Турција.

(преземено од mkf.mk)