ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Југословенските републики и нивните кошаркарски претседатели

Југословенските републики и нивните кошаркарски претседатели

сподели
фото: MN Press

По изборот на Перо Антиќ за прв човек на КФСМ, ќе се потсетиме на лидерите на овој спорт во државите што произлегоа од некогашната заедничка.

Сите се поранешни кошаркари – некои со богати играчко, а други со богато функционерско исткуство.

Предраг Даниловиќ – Србија (2016)

Истакнат кошаркар, европски шампион со Партизан и со Виртус, освојувач на бројни медали со селекциите што го носеа името Југославија по распадот на големата држава, НБА искуство.

Дино Раѓа и Стојко Вранковиќ (фото: Sportalo)

Стојко Вранковиќ – Хрватска (2016)

Истакнат кошаркар, европски шампион со Панатинаикос со легендарната контроверзна блокада во финалето со Барселона, освојувач на медали со Југославија и со Хрватска, НБА искуство.

NetsDaily

Мирза Телетовиќ – БиХ (2018)

НБА искуство, играше во АЦБ лигата, еден од најистакнатите играчи на оваа земја.

Мило Ѓукановиќ и Веселин Баровиќ (фото: vijesti.me, Savo Prelević)

Веселин Баровиќ – Црна Гора (2019)

Локално играчко искуство, но богато функционерско искуство во федераците на СР Југославија (претседател од 1991 до 1997) и на Црна Гора.

фото: Кошаркарска федерација на Словенија

Матеј Ерјавец – Словенија (2014)

Меѓу споменатите личности има најскромно кошаркарско искуство, локално, но во негов мандат Словенија стана европски шампион победувајќи ја Србија во финалето на ЕП 2017.

Нашиот нов претседател на КФСМ има три титули европски првак, две со Олимпијакос и една со Фенербахче. Играше во НБА лигата, единствен Македонец што истрчал на паркетите преку Океанот.

Со нашата репрезентација, го освои четвртото место на ЕП во Литванија, каде што малку недостасуваше да го совладаме и подоцна европскиот првак Шпанија, во полуфиналето, а несреќно ја загубивме бронзата во дуелот со Русија.