ПОЧЕТНА А Репрезентација ЈОНЧЕВСКИ: Прекрасно е што ќе играме во Гевгелија

ЈОНЧЕВСКИ: Прекрасно е што ќе играме во Гевгелија

сподели
фото: МКФ

Македонската кошаркарска репрезентација на 2 декември го игра третиот натпревар од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

По триумфот во Приштина во септември, сега го пречекуваме Косово и со евентуален триумф ќе направиме огромен чекор кон главниот дел од квалификациите.

Кошаркарите ги почнаа подготовките кои ќе траат само четири дена, а во отсуство на селекторот Давитков, прозивката ја изврши неговиот помошник Александар Јончевски.

Аплицирајте веднаш за

Репрезентацијата ќе остане во Скопје само еден ден по што патува за Гевгелија каде ќе го пречека својот стар познаник.

„Ако Косово ја победи Романија, ние може да си ја завршиме работата во недела, но не верувам во таков исход. Ние ќе одиме чекор по чекор, да се зависи од нас и да не чекаме на други средби.

фото: МКФ

Работиме в недела да го победиме Косово и да си одлучуваме сами за себе, а не да чекаме на други две репрезентации како во циклусот за СП 2019.

Мечот ќе се игра во Гевгелија, кој прераснува во еден кошаркарски град и каде навивачите знаат да дадат поддршка. Кожув и Блокотехна имаат одлична публика, која ја препознава играта. Ќе биде плус за нас пред полна сала да се покажеме во добро светло и да дојдеме до позитивен исход“, изјави Јончевски.