ПОЧЕТНА НБА Јокиќ со трипл дабл ја стопли Канада

Јокиќ со трипл дабл ја стопли Канада

сподели
nba.com

Со својот втор трипл-дабл сезонава, српскиот интернационалец го предводеше Денвер до голема победа на тешкото гостување во Канада, кај лидерот на Истокот Торонто, со резултат 103:106 со што што беше прекината серијата од 8 победи на Репторс.

Никола Јокиќ постигна 23 поени, со 15 асистенции и со 11 скока, за шестата победа во низа за Нагетс. При резултат 103:104, Јокиќ постигна „луд“ кош, но судиите не го признаа судејќи фаул и две слободни фрлања. Српскиот кошаркар успешно ги реализораше за конечни 103:106. Кај поразените, најефикасен беше Ленард со 27 поени.

Аплицирајте веднаш за

Стеф Кари се врати на паркетот и Голден Стејт конечно заигра шампионски. Влијанието на првата ѕвезда на тимот е повеќе од очигледно на паркетот, затоа што со 30 поени на својот втор натпревар по камбекот, тој ги предводеше Вориорс до убедлива гостинска победа над Атланта, со 111:128.

Резултати на 3-ти декември (ESPN)

Кај гостите се истакнаа и Дурант со 28 поени, односно Томпсон со 27 поени. Кај поразените, најпрецизен беше Колинс со 24 поени.