ПОЧЕТНА НБА Јокиќ со нов трипл дабл го врати Денвер на победничките патеки

Јокиќ со нов трипл дабл го врати Денвер на победничките патеки

сподели

Србинот сезонава игра во извонредна форма, ниту најдобрите дефанзивци не можат да го спречат неговиот поентерски налет. Тој го предводеше Денвер до победа на гостувањето кај Мајами, со 99:103.

Јокиќ одново имаше маестрално издание со трипл-дабл (29 поени, 11 скока и 10 асистенции), негов 4-ти сезонава. На него во одбраната се менуваа повеќе играчи, најчесто го чуваа Хасан Вајтсајд и Бем Адебајо, но безуспешно.

Со најновата победа, Нагетс се задржаа на првата позиција на Западот со 27 победи и 12 порази, додека Хит се наоѓаат на безбедното 6-то место на Истокот.

Резултати на 9-ти јануари 2019 (ESPN)

За одбележување е и тесната победа која Торонто ја забележа на домашен терен против Атланта со 104:101, со која Репторс се вратија на првото место на Истокот.

Предводник на домашниот тим беше најдобриот играч Кави Ленард кој постигна 31 поен. Кај гостите се истакнаа Колинс со 21 поен и Лин со 20 поени.