ПОЧЕТНА НБА Јокиќ ги „олади“ Србите, на тема репрезентација

Јокиќ ги „олади“ Србите, на тема репрезентација

сподели
фото: mondo.rs

Прашан дали ќе игра за матичната селекција на претстојното светско првенство што ќе се одржува во Кина, центарот на Денвер немаше конкретен одговор, но неговата изјава може да се протолкува на повеќе начини.

„Ќе видам дали тоа е добро за мене. Ќе зборувам со мојата екипа, мојот агент, мојата фамилија, по што ќе донесам конечна одлука. Одиграв мноу натпревари сезонава.“ – беа зборовите на Никола Јокиќ.

Со Јокиќ во сотавот, Србија ќе биде еден од фаворитите за пласман во финалето, покрај селекцијата на САД која што е апсолутен фаворит за златниот медал.