ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЈОВАНЧЕВ: Помладите добиваат шанса, тоа треба да не радува

ЈОВАНЧЕВ: Помладите добиваат шанса, тоа треба да не радува

сподели

Селекторот на У16 генерацијата што минатото лето се пласира во А дивизијата, беше присутен на натпреварите во завршницата на У18 турнирот во Градски парк во Скопје.

Младинските натпревари секогаш се интересни и привлечни за сите љубители на кошарката, затоа што таму играат нашите деца.

МЗТ Скопје победи против Работнички и за титулата ќе игра против Партизан Водно Санс, по победата на оваа екипа против Феникс.

„И на двата полуфинални дуела евидентна беше истрошеноста на играчите, ако се земе в предвид фактот што сите четврт финални плеј-оф дуели, беа решени во мајсторка. За сите екипи, ова беше 4-ти натпревар во само 5 или 6 дена.

Од друга страна ме радува фактот што и на четвртфиналните дуели, а и сега на Фајнал-4 турнирот има играчи кои што се родени 2003 година и добиваат солидна минутажа во две години повозрасно натпреварување, што е одлично за генерацијата која треба летово да настапи на Европското првенство во А дивизија.

фото: Александар Ристовски

Им честитам на екипите кој што обезбедија финале, нема изненадување, тоа се двете екипи кои што завршија на првото и на второто место во регуларниот дел од сезоната.

Сигурен сум дека ќе гледаме изедначено финале, на обете страни има двајца квалитетни тренери кои за жал немаа многу време тактички да ги подготват екипите, па веројатно ќе победи мотивацијата и желбата за победа.

Се надевам дека следната година, некои од играчите за кои веќе нема младинско натпреварување, ќе ги видиме во прволигашки екипи, со што ќе ја постигнеме основната и најбитна цел, а тоа е да создадеме квалитетни сениорски играчи.“