ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЈОВАНЧЕВ: Никогаш во животот не сум водел похрабри момци

ЈОВАНЧЕВ: Никогаш во животот не сум водел похрабри момци

сподели

Македонската кадетска репрезентација ќе се бори за титулата на Европското првенство Б-дивизија во Сараево.

Веројатно пред десетина дена вакво нешто звучеше како научна фантастика. Во момците веруваа малкумина, но пред сите селекторот Александар Јованчев и неговите соработници.

Пет победи по ред, фантастична игра, и самодоверба својствена на многу пославни репрезентации.

Аплицирајте веднаш за

Јованчев направи одлична работа, меѓутоа заслугите за успехот ги припишува на своите избраници.

„Ова е неверојатно, никогаш во кариерата немам водено похрабри момци. Бевме смирени кога најмногу требаше, погодивме 4 слободни фрлања во низа и на крајот тоа ни ја донесе победата.

Длабоките анализи што ги направивме со стручниот штаб изминатите 2 дена ни помогнаа да дојдеме до овој позитивен резултат.

Имаме нешто помалку од 20 часа пред историскиот натпревар со домаќинот, треба да се смириме и подготвиме најдобро што можеме“, изјави Јованчев за basketball.mk.