ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЈОВАНЧЕВ: Не паднавме психолошки по поразот од Русија

ЈОВАНЧЕВ: Не паднавме психолошки по поразот од Русија

сподели

Кадетската репрезентација на Македонија е со биланс една победа и еден пораз по првите две кола од Европското првенство Б-дивизија во Сараево.

Одличната игра против Русија не беше крунисана со триумф, но затоа на Белгија и одржавме лекција и ја совладавме со 12 поени разлика.

Претстои можеби најважниот дуел во борбата за пласман во четврфиналето. Во третиот круг противник ни е Словачка која доживеа дебакл од Русија, но ги штедеше силите за натпреварот со нас.

„Добро е што по тешкиот натпревар со Русија не дозволивме да паднеме психолошки и останавме смирени што резултираше со добра игра против Белгија.

Аплицирајте веднаш за

Имаме доволно време до дуелот со Словачка, можевме да направиме скаутинг, но не би прогнозирал нисто. Постојано ги советувам момците да го почитуваат националниот дрес и да дадат се од себе. Им честитам за играта и за она што го покажаа во досегашниот дел од првенството“, изјави за basketball.mk, селекторот на кадетската репрезентација Александар Јованчев.

Во нашата група се уште селекциите на Данска и Норвешка, а македонската репрезентација има голема шанса за пласман во нокаут фазата.