ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЈОВАНЧЕВ: Мора да најдеме сили…

ЈОВАНЧЕВ: Мора да најдеме сили…

сподели
фото: FIBA

Кадетската репрезентација на Македонија е пред последната пречка за пласман во А-дивизијата од Европското првенство.

Првата шанса е испуштена против БиХ, но останува борбата за третото место.

Ривалот е веќе познат – Чешка, исклучително квалитетна селекција со кошаркари со одлични карактеристики.

Аплицирајте веднаш за

Пред селекторот Александар Јованчев и стручниот штаб претстои уште една долга ноќ во која мора да се направи добар скаутинг, да се најдат слабите страни на противникот и да се искористат на најдобар начин.

„Нема простор за разочарување. Сигурен сум дека сите дадовме се од себе, особено играчите.

фото: FIBA

Да се победи домаќинот на првенството е навистина тешко. Енергијата е при крај, но мора да најдеме сили за последниот натпревар и да се обидеме да стигнеме до бронзата“, изјави Јованчев за basketball.mk.

Натпреварот против Чешка е закажан за 18 август од 18:45 часот. Во мечот за титулата се среќаваат Русија и БиХ, а двете селекции веќе имаат обезбеден пласман во А-дивизијата.