ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЈОВАНЧЕВ: Круна на долгогодишната работа

ЈОВАНЧЕВ: Круна на долгогодишната работа

сподели

Кадетската репрезентација на Македонија им го разубави летото на сите кошаркарски вљубеници во земјава.

По 12 години пауза ќе имаме селекција во А-дивизија во младинските европски натпреварувања и тоа би можело да биде најава за поубави денови на овој спорт.

Селекторот Александар Јованчев ја оствари својата и целта на Македонската кошаркарска федерација, а следен тест на оваа генерација ќе биде јуниорското првенство за две години.

Аплицирајте веднаш за

Дотогаш останува уште многу да се работи, а успехот во Сараево да остане како мотивација за во иднина.

„Неверојатно е чувството по сите овие години работа да се оствари целта. Ова е круна на се што поминавме јас и овие момви и јас им честитам затоа што покажаа како се брани националниот дрес.

Благодарност и до координаторот на МКФ, Бране Андриевски за укажаната доверба и до целиот стручен штаб кој се ’даде’ максимално за успехот на ова првенство“, изјави Јованчев за basketball.mk.