ПОЧЕТНА Други репрезентации ЈОВАНЧЕВ: Го надминавме проблемот со националното чувство!

ЈОВАНЧЕВ: Го надминавме проблемот со националното чувство!

сподели

Селекторот на У16 репрезентацијата го посочи главниот елемент, на кој што се работело во периодот од доаѓањето на клупата на актуелната гарнитура на стручниот штаб, што ја врати нашата кошарка во А дивизијата.

Освен кошарката, физичката подготовка и уигрувањето на играчите, огромен проблем кај овие млади кошаркари биле отровните стрели што секојдневно ги примаат од сите страни (читај медиуми и квази-медиуми).

„Сакам да и се заблагодарам на Федерацијата која што ме остави две години и шест месеци да работам со овие деца. Кога почнавме да работиме, имавме проблем со националното чувство кај децата.

Сето тоа потекнуваше од секојдневието во кое што се наоѓаме. Тешко беше да се работи со деца и да им се стави до знаење дека националниот дрес е над се и пред се.“

Аплицирајте веднаш за

Ситуацијата драстично се сменила, со бројните настапи и заеднички партии, што особено било изразено на континенталниот шампионат во БиХ.

„Кога дојдовме на ЕП, децата дадоа се од себе на настанот, не беше тешко да се контролираат. Сите оние турнири што ги игравме во минатото, помогнаа целиот настан да биде полесен за нас.

Турнирот во Скопје, како и тестовите во Белград беа за нас практично европско првенство пред настапот на ЕП.“

Најавата уште пред почетокот на подготовките, од страна на селекторот, била дека ќе бидат избрани не најдобрите кошаркари, туку најдобрите 12 карактери, кои што ја имаа задачата што беше успешно спроведена – враќање на Македонија во А дивизијата.

„Со репрезентативците имам одличен однос, има перспективни играчи. Мора да продолжат да работат. Федерацијата го направи првиот чекор, се надевам дека ќе продолжат и во иднина да се градат млади играчи.“ – изјави Александар Јованчев.

Селекторот најави дека ќе се обиде да ја продолжи кариерата во сениорската клупска кошарка, а не криеше дека еден ден би сакал да биде дел од стручниот штаб на селекцијата на истите овие млади момчиња, кога тие ќе стасаат за А репрезентацијата.