ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЈЕЛЕНА АНТИЌ: Првпат по 12 години сум тука лично да ја примам...

ЈЕЛЕНА АНТИЌ: Првпат по 12 години сум тука лично да ја примам наградата

сподели

Најдобрата кошаркарка за 2017 година во Македонија е Јелена Антиќ. Капитенот на женската репрезентација имаше многу успех на личен план, стана прва Македонка со настап во женската Евролига, но, за жал, крајот на годината го дочекува повредена.

„Многу сум горда и многу ми е драго што првпат по 12 години сум во Македонија лично да земам награда и лично да се заблагодарам на МКФ и сите што гласаа за мене. Кога зборувам за моите успеси, многу сум благодарна на моето семејство за неизмерната поддршка како и моите пријатели, кои секогаш се со мене, посебно со падовите и кога некој од тренерите ќе ме изнервира. Вистинското лице на пријателите е моето семејство.

Ќе продолжам да ја претставувам Македонија на меѓународната сцена, а со женската селекција ќе успееме да направиме чекор напред. Жал ми е што сум повредена и што не можам да помогнам, но во ноември ветувам дека ќе се вратам и дека ќе го дадам својот максимум“, изјави Антиќ на церемонијата на прогласување на најдобрите.