ПОЧЕТНА Други репрезентации Ја чекаме втората шанса, за А дивизија

Ја чекаме втората шанса, за А дивизија

сподели
Нашата У16 репрезентација, фотографија пред почетокот на ова ЕП.

Македонија загуби од БиХ во полуфиналето на ЕП до 16 години во рамките на Б дивизијата, што се одржува во Сараево. Домаќинот не совлада со 76:95.

Првите три селекции одат во посилната конкуренција, што значи загреани ќе го чекаме и противникот во битката за третото место, Русија или Чешка кои што се соочуваат во другото полуфинале, од 21 часот.

Ако во финишот на третата четвртина се надевавме дека ќе може со последни напори да се обидеме да направиме серија и да го анулираме двоцифреното водство на противникот, кое што се движеше околу 10 поени, тогаш по првата минута во последната четвртина ни стана јасно дека нема назад, кога домашните кошаркари поведоа со 64:83.

Аплицирајте веднаш за

Најдобри поединци во составот на Александар Јованчев беа Гоце Петрушевски со 18 поени и со 8 скока, односно Богдан Мирковски со 13, Марко Миловановиќ со 12 поени и Андреј Андоновски со 11 поени.

Кај противникот, се истакна тројката Алем Хусеиновиќ со 26 поени, Денис Халилчевиќ со 19 поени и Валентин Видовиќ со 15 поени, а потпора им беа Кусмук со 13 поени Гатариќ со 9 поени.

Македонија се уште има шанса за пласман во посилната конкуренција, но овие момчиња веќе остварија резултат каков што „никој“, освен оние што ја познаваат и што вистински ја сакаат кошарката, не „очекуваше“ (читај – не им посакуваше).

Што и да се случи до крајот на ова ЕП, избраниците на Јованчев мора да се вратат дома со кренати глави, да веруваат во себе и да знаат дека тие се наследниците, тие се генерацијата што многу брзо ќе дојде на сцената во нашата сениорска кошарка.

Не смеат ни да помислат дека ова е нивното најголемо достигнување, или дека ова нема никогаш да се повтори, како што реално мислевме и мислиме буквално сите други, по Литванија 2011.

Мора да работат напорно и секој ден да се трудат да бидат подобри од она што биле вчера, а резултатите ќе си дојдат сами по себе.

Напред момчиња! Вие сте нашата иднина!