ПОЧЕТНА Избор на уредникот Ја прашуваме македонската спортска публика: Што сакате повеќе, да дојдете в сала?

Ја прашуваме македонската спортска публика: Што сакате повеќе, да дојдете в сала?

сподели

Прашањето во насловот важи за сите македонски љубители на спортот, без разлика за која екипа се работи или за кој спорт станува збор. Никој не е исклучен.

Овие фотогалерии на basketball.mk го претставуваат контрастот, што му ја дава убавината на спортот. Една трибина, бои на два клуба.

Емоциите не може да бидат исти. Едни ќе победат, други ќе загубат. Скоро никогаш не се знае како ќе заврши еден натпревар, затоа спортот е највозбудливото и најпримамливото нешто во животот.

Аплицирајте веднаш за

Навивачите на МЗТ Скопје и на Партизан покажаа како се сака својата екипа, како се бодри својот тим и (со мали исклучоци) како се почитува противикот.

Не навлегуваме во тоа од каде доаѓа публиката и дали Македонци навивале за српската екипа, односно дали навивачката група Фемили ги бојкотира натпреварите на македонскиот шампион.

На љубителите на кошарката им беше важно што на мечот МЗТ Скопје – Партизан, имаше амбиент како што доликува за еден меѓународен натпревар.

Сите што беа во салата се победници. Единствените што загубија, се оние чии што столчиња останаа празни, во спортскиот центар Јане Сандански.

Баравме сали, баравме квалитетни претстави, баравме победи на нашите екипи. Сега бараме влакно во јајцето и не одиме таму, каде што се случува она што претходно го баравме. Тоа е тој маѓепсан македонски круг.

Зошто не одиме в сала, знаеме само ние… А, можеби и не знаеме…