ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ја победивме Романија во Скопје, нека се повтори и во Сараево

Ја победивме Романија во Скопје, нека се повтори и во Сараево

сподели
Момент од мечот меѓу Македонија и Романија што се одигра на 28 јули во Скопје

Последната пречка за пласман во полуфиналето од Европското кадетско првенство Б-дивизија и директна борба за медалите ќе ни биде репрезентацијата на Романија.

Земјата која не може да се пофали со кошаркарски успеси на меѓународен план сега има генерација на која ќе се темели сениорската репрезентација во блиска иднина.

Аплицирајте веднаш за

Најдобар доказ за тоа е првото место во групата А во конкуренција на Велика Британија, Ирска, Португалија, Шведска и Луксембург. Во првата фаза Романците имаа четири победи и еден пораз (исто како Македонија), а единствениот неуспех го доживеаја во дуелот со Ирска кога загубија со 20 разлика (54:74).

Македонија и Романија играа меѓу себе на 28 јули во Скопје на меѓународниот турнир во организација на МКФ. Тогаш нашата селекција славеше убедлива победа со 85:72 што може да биде насока во овој четвртфинален дуел. Романците направија мали измени оттогаш, но тие се незначителни.

Ако се земат предвид статистичките параметри на двете репрезентации на првенството во Сараево, Македонија е подобра во сите, освен во скокот каде Романија се очекува да доминира затоа што голем дел од кошаркарите се повисоки и физички посилни.

Главна одлика им е зонската одбрана 1-3-1 која ја играат фантастично и ќе биде многу тешко да се пробие. Нивната предност е позициона игра, па затоа нашите кошаркари ќе мораат да бидат крајно агресивни, особено на плејмејкерската позиција која е најслаба алка во тимот.

Оваа романска репрезентација е дел од проектот У-16, заедно со истата генерација македонски кошаркари. Тоа значи дека селекциите две години заедно се подготвуваа, учествуваа на исти кампови и турнири и меѓу нив нема никакви тајни. Партнери беа и репрезентациите на Бугарија и Косово.

На подготвителните турнири се сретнавме четири пати и билансот е 3-1 за Македонија.

Четвртфиналниот натпревар се игра на 16 август од 21 часот, нашите кадети имаат огромна шанса.