ПОЧЕТНА Евролига ЈА ИСФАЛИ ИЛИ ЈА „ИЗРУГА“: Евролига е колеџ кошарка со „30-годишњаци“

ЈА ИСФАЛИ ИЛИ ЈА „ИЗРУГА“: Евролига е колеџ кошарка со „30-годишњаци“

сподели
twitter

Тренерот на Панатинаикос разговараше со колегите новинари од САД, а во изјавите ја спореди елитната европска кошаркарска лига, со НЦАА шампионатот преку Океанот.

Колку што мислиш дека има страст во Кентаки, помножи го тоа со 10 и ќе го замислиш Панатинаикос, биле зборовите на ГМ на Мемфис Гризлис, Крис Валас, пред Рик Питино да се одлучи да седне на клупата на грчката екипа.

„Овие луѓе, доаѓаат на трибините, се жртвуваат. Ова нема врска со Џек Никлсон во првиот ред во Стејплс центарот.“ – рече Питино.

Американскиот стратег и ПАО се подготвуваат за четвртфиналната пресметка со европскиот шампион, Реал Мaдрид, во серијата подобар до три победи.

Евролигата често е споредувана со НЦАА лигата, пред се поради цврстината на секој натпревар и поради многуте мечеви кои што решаваат за многу нешта, во текот на целата сезона.