ПОЧЕТНА Евролига ЈАСИКЕВИЧИУС ПЕКОЛНО ИСКРЕН: Имаме 48 часа да најдеме нешто меѓу нозете

ЈАСИКЕВИЧИУС ПЕКОЛНО ИСКРЕН: Имаме 48 часа да најдеме нешто меѓу нозете

сподели
фото: Zalgiris BC

По тешкиот пораз на неговата екипа на гостувањет ово Истанбул, литванскиот стратег не бираше средства за лустрација на не-машкоста на неговите играчи, кои што примија 76 поени, а постигнаа мизерни 43.

Тоа е натпреварот со најмалку постигнати поени за Жалгирис, на еден натпревар во модерната Евролига ера, во 21 век.

„Имаме 48 часа да најдеме нешто меѓу нашите нозе. Некој ќе мора да преземе одговорност, особено јас. Не успеавме да им пренесеме на нашите играчи дека ова ќе биде силен физички тест.“ – изјави Јасикевичиус за литванските медиуми.

Мала надеж на Шарас, може да му биде убелдивиот пораз на Монтепаски од Олимпијакос, во 2011-та година во истата оваа четвртфинална фаза, кога по загубениот меч 89:41, италијанската екипа победи на три по ред и се пласира на завршниот турнир.