ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Јанко Луковски почна во МЗТ Скопје

Јанко Луковски почна во МЗТ Скопје

сподели
фото: МЗТ Скопје

Легендарниот македонски стручњак по долго време ќе работи во еден домашен клуб и веќе стартуваше со својата работа.

Како што беше најавено минатиот месец, тој ќе биде дел од тренерскиот тим во МЗТ Скопје и примарна цел му е едуцирање на младите тренери во редовите на овој колектив, односно пренесување на своите искуства.

фото: МЗТ Скопје

Се разбира, од него ќе учат и младите кошаркари со кои ќе се дружи во следниот период. Почна со најстарата генерација во МЗТ Скопје, а претстојната недела ќе се сретне и со помладите.

фото: МЗТ Скопје

За Јанко Луковски ова е враќање во редовите на МЗТ Скопје чиј тренер беше краток период во сезоната 1997/98. Претходно, во два наврата го водеше првиот тим на Работнички, но најголем дел од својата тренерска кариера помина во Србија.