ПОЧЕТНА АБА „Јане Сандански“ остана неосвоив во АБА 2

„Јане Сандански“ остана неосвоив во АБА 2

сподели

МЗТ Скопје ја оствари третата победа во низа во регионалното натпреварување по триумфот над Динамик од 84:74.

Со тоа го задржа и максималниот ефект на домашен терен каде нема пораз оваа сезона во досегашните пет натпревари.

Аплицирајте веднаш за

Дуелот почна израмнето, ниедна екипа не успеа да направи предност, но се до пред крајот на четвртината кога нашиот шампион поведе со шест разлика (23:17). На средината од вториот период МЗТ Скопје имаше и +-11 (34:23), но серија од 12:2 го донесе Динамик на само еден поен негатива на крајот од полувремето.

Клучен период беше средината на третата четвртина кога аеродромци направија серија од 10:0 и поведоа со 55:45, предност која не ја испуштија до крајот. Се што успеа Динамик е да намали на шест поени негатива, но не и да ја врати резултатската неизвесност во финишот.

По паузата поради повреда, одличен натпревар одигра хрватскиот интернационалец Иве Иванов кој постигна 24 поени и 7 скока. Најблиску до него беше Андрија Бојиќ кој заврши со 22 поени и 9 скока.

Следен противник на МЗТ Скопје е Рогашка, осмопласирана екипа во досегашниот дел од сезоната во АБА 2.