ПОЧЕТНА АБА Јагма за АБА лигата: Влегуваат грчки и израелски клуб(ови)!?

Јагма за АБА лигата: Влегуваат грчки и израелски клуб(ови)!?

сподели
фото: ABA

Јадранското друштво многу лесно може да добие евроазиски димензии ако се прифатат барањата на неколку гиганти кои бараат влез во него.

Во Бања Лука во тек е редовното Собрание на АБА лигата на кое се расправа за неколку важни прашања кои можат да го одредат нејзиниот натамошен тек, односно опстанок. Освен барањата на актуелните учесници, како она на Будуќност за преигрување на финалната серија, тука се и прашањата за проширување на лигата во други држави.

„Примивме барања од Олимпијакос и Панатинаикос од Грција и израелскиот клуб Бнеи Херцлија. Тие три клуба ќе бидат тема и ќе видиме како другите ќе реагираат за нивните евентуални настапи во АБА лигата идната сезона.

Досега не сме добиле барање од Пришина и би било несериозно да се коментира за тоа“, изјави директорот на АБА лигата, Крешимир Новосел.

Пред две години беше донесена одлука во ова натпреварување да не играат клубови кои не се од земјите на поранешна Југославија што значи дека евентуалниот прием на заинтересираните, би претставувало нејзино кршење. Меѓу другото и затоа што ќе се наруши принципот во првата АБА лига да се влегува преку втората дивизија која беше формирана токму за таа цел.