ПОЧЕТНА Младински школи Ѕвездата е родена: Теодор Симиќ продолжува во Барселона

Ѕвездата е родена: Теодор Симиќ продолжува во Барселона

сподели

Еден од најголемите таленти во Македонија, Теодор Симиќ во следните шест години ќе биде член на Барселона, објави неговиот досегашен клуб Партизан Водно Санс.

Такво нешто беше најавено уште пред крајот на минатата година кога во игра беа и други европски гиганти. Симиќ помладиот беше на проба во неколку од нив, но најупорна беше Барселона.

Теодор Симиќ има 14 години и височина од над 210 сантиметри, играч каков што во моментов не постои во Македонија. И на таа возраст, тој беше на поширокиот список на кошаркари за кадетската репрезентација (у-16) која го освои бронзениот медал на Европското првенство Б-дивизија во Сараево.

Кон крајот на минатата година за него пишуваа и грчките медиуми кои го претставија како можен иден играч на Панатинаикос.

Со Теодор Симиќ Македонија по долго време повторно ќе има претставник во тимот на Барселона. Во минатото член на каталонскиот гигант беше Владо Илиевски.

НАПОМЕНА: Фотографиите со претходна дозвола се преземени од приватната архива на Партизан Водно Санс. Нивно натамошно користење е забрането без дозвола од клубот.