ПОЧЕТНА А Репрезентација ЃУРОСКИ: Со гевгелиската публика до посакуваниот триумф

ЃУРОСКИ: Со гевгелиската публика до посакуваниот триумф

сподели

Одличната форма од шпанската втора лига, очекуваме Стојан Ѓуроски да ја пренесе и во македонската репрезентација.

Така беше и во претходниот прозорец на ФИБА, гостиварецот одигра два одлични натпревара и беше меѓу најзаслужните за победите против Косово на гости и Романија на домашен терен.

Нашиот национален тим сега го пречекува Косово во надеж дека серијата ќе продолжи и ќе дојдеме на само чекор до пласман во главната фаза од квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

„Првиот натпревар против Косово го одигравме мошне солидно, ги знаеме какви се како тим и наше е да одиграме како што знаеме и да дојдеме до посакуваната и очекувана победа.

Аплицирајте веднаш за

Шејн Витингтон треба да биде едно добро надополнување за нашиот ростер. Особено во ситуација кога го нема Бубе Младеновски кој се повреди. Сега ќе има многу позначајна улога и искрено верувам дека ќе го видиме во едно поинакво светло од она во неговото деби против Швајцарија во претходниот циклус од претквалификациите.

Косово играше натпревар пред три дена, го загуби и тоа треба да го искористиме ние. Ќе играме во една помала сала која верувам дека ќе биде исполнета до последното место и со помошта на навивачите ќе дојдеме до триумф“, истакна кошаркарот на Хуеска.

Помогнато од Ресторан Enjoy во Гевгелија.