ПОЧЕТНА Интернационалци Ѓуроски растури, Хуеска промаши шут за победа

Ѓуроски растури, Хуеска промаши шут за победа

сподели

Македонскиот репрезентативец го одигра најефикасниот натпревар откако се пресели во тимот на Хуеска.

За жал, неговиот тим не ја круниса неговата одлична игра со победа и доживеа несреќен пораз на гостувањето кај ривалот за првото место Паленсија со 77:76.

Ѓуроски беше најефикасен на натпреварот, сметајќи ги двете екипи, за 36 минути постигна 21 поен, најмногу во шпанската втора лига. На тоа додаде уште три скока и три асистенции, но и тоа не беше недоволно да се избегне вториот пораз во сезоната.

Аплицирајте веднаш за

Натпреварот беше драматичен, гостинската екипа имаше водство од 46:40 по првото полувреме, но Паленсија ја врати контролата над резултатот во третата четвртина. Драмата се одвиваше во последниот период.

По серијата од 11:0, Хуеска поведе со 70:65 во 35. минута. Домаќините се вратија во игра и во последната минута дојдоа до предност од 1 разлика (77:76).

Нападот за победа го имаше Хуеска, но изненадувачки, тој не одеше преку Ѓуроски кој претходно погоди 4 тројки. Неговиот соиграч не погоди и двата бода останаа кај противникот.

По овој пораз, Хуеска падна на третата позиција на табелата, но со само една победа помалку од лидерите Љеида и Паленсија.