ПОЧЕТНА Интернационалци Ѓуроски подготвен за репрезентацијата

Ѓуроски подготвен за репрезентацијата

сподели

Хуеска не го искористи киксот на Билбао и пропушти можност да остане во чекор со Бетис и Љеида за првото место во Втората лига на Шпанија.

На гостувањето кај Реал Кану, тимот на македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски загуби со 71:69 и ја прекина серијата од три победи.

Сепак, нас може да не радува настапот на нашиот интернационалец кој целосно заздраве од повредата на вратот и одигра 29 минути на гостувањето на кое Хуеска очекуваше триумф.

извор: competiciones.feb.es

Ѓуроски беше најефикасен во својот тим со 16 поени со шут од игра 6/10 (2/4 за три, 4/6 за два) на кои додаде два скока и две асистенции. Тој треба дополнително да се приклучи на националниот тим и ќе биде еден од адутите на Јорданчо Давитков за натпреварот против Косово.

Според моменталната форма и она што го прикажа против Реал Кану, подготвен е да ја преземе одговорноста.