ПОЧЕТНА Интернационалци ЃУРОСКИ: Остануваме цврсто на патот кон АЦБ лигата

ЃУРОСКИ: Остануваме цврсто на патот кон АЦБ лигата

сподели

Вистински потег направи 27-годишниот гостиварец кога пред почетокот на сезоната одлучи да се пресели во Шпанија.

Неговите настапи во дресот на Хуеска од натпревар во натпревар се се подобри, Стојан Ѓуроски се промовира во лидер на својот тим.

Аплицирајте веднаш за

Хуеска е во борба за врвот во Втората лига од каде само првопласираниот обезбедува директен пласман во елитата, а екипите од втората до осмата позиција играат плеј-оф.

Во последното коло, тимот на Ѓуроски победи и тоа во исклучително драматичен натпревар во кој на полувреме имаше негатива од 22 поена.

„Го почнавме натпреварот во грч и екипата на Љеида го искористи тоа максимално. Во првото полувреме направи неверојатни 52-30.

Тие ја имаат најдобрата одбрана во лигата и знаевме дека ке биде доста тешко, особено на нивен терен, пред нивните навивачи.

Меѓутоа, се разбудивме во второто полувреме и почнавме полека да се враќаме. Го завршивме натпреварот со серија 22-4 и победивме. Во последната минута јас бев сигурен од линијата на слободни фрлања 4 пати и на некој начин ставив печат на овој триумф.

Ова е многу важна победа за нас бидејќи со неа остануваме во борба за првото место во лигата и влез во АЦБ“, изјави Ѓуроски за basketball.mk.

По некомплетното 14. коло, Хуеска се наоѓа на делба на третото место на табелата, а на домашен терен има перфектен биланс – 7/7.