ПОЧЕТНА Светски првенства Ѓорѓевиќ: Ова е една од најважните победи во мојата кариера

Ѓорѓевиќ: Ова е една од најважните победи во мојата кариера

сподели
FIBA

Србија славеше против Австрија (85:64) на отворањето на квалификацискиот циклус за пласман на следното СП.

Селекторот не го криеше воодушевувањето од перформансот на новите лица, односно играчите кои што беа во сенка на оние што играат во Евролига и НБА.

„Бев многу нервозен пред натпреварот, затоа што многу сакав да победиме поради новиот старт со нови играчи.

Им се заблагодарувам на сите клубови што ги ослободија кошаркарите, особено на Црвена звезда.“ – рече Ѓорѓевиќ.

„Новата“ репрезентација на Србија (FIBA)

Пред натпреварот му беше врачен врамен дрес на членот на истанбулскиот Анадолу Ефес, Владимир Штимац кој што се повлече од репрезентацијата на Србија.