ПОЧЕТНА АБА Ѓикиќ си замина, Будуќност има нов тренер

Ѓикиќ си замина, Будуќност има нов тренер

сподели

Поразот од Баерн, шести по ред во сите натпреварувања, го означи крајот на поранешниот македонски селектор на клупата на Будуќност.

Александар Ѓикиќ си замина од тренерската функција, на нешто повеќе од 24 часа пред дербито на АБА лигата против Црвена Звезда во Белград.

„Будуќност со огромно почитување му се заблагодарува на досегашниот тренер за професионалната работа и остварените резултати и му посакува среќа во натамошниот дел од кариерата“, стои во официјалното соопштение од црногорскиот вицешампион.

Ѓикиќ беше тренер на Будуќност од летото 2016 година и го оствари најголемиот успех во поновата историја на клубот со триумфот во АБА лигата. Сепак, настапот во Евролигата си го зеде данокот, екипата не можеше да го издржи пеколниот ритам и во досегашниот дел до елитното натпреварување оствари биланс 3-12, додека во АБА има 8-4.

Аплицирајте веднаш за

Наследник на српскиот стручњак ќе биде Јасмин Репеша кој немаше клупски ангажман откако на крајот од минатата сезона си замина од Олимпија Милано.