ПОЧЕТНА АБА Ѓикиќ за Репеша е – Мурињо!

Ѓикиќ за Репеша е – Мурињо!

сподели

Поранешниот македонски селектор минатата година му ја донесе на Будуќност првата титула во АБА натпреварување и го врати во Евролигата каде не учествуваше повеќе од деценија ипол.

Сепак, на средина од оваа сезона, Александар Ѓикиќ доби отказ и на негово место беше поставен Јасмин Репеша со цел да ја раздрма екипата и да ја врати на победничките патеки.

Хрватскиот стручњак делумно успеа во тоа, оствари неколку значајни победи во Евролигата, а во АБА стигна до финалето против Црвена Звезда каде загуби со 2:3. Сепак, ќе останат запаметени убедливите порази во Белград со вкупно 100 поени разлика поради кои поранешниот играч на Звезда и Партизан, Милан Дозет му фати сеир на Репеша.

„Џиле (Александар Ѓикиќ н.з.) за овој (Репеша (н.з) е Мурињо“, напиша кошаркарот во чија чест Игокеа го повлече од употреба дресот со број 6.