ПОЧЕТНА Тренинг Што се подразбира под правилна исхрана, во тренажен ден?

Што се подразбира под правилна исхрана, во тренажен ден?

сподели

Спортот има многу сегменти кои што мора да се практикуваат правилно, ако целта е постигнување резултати. Ова особено важи за врвниот спорт, каде што резултатот е се.

Во нашите рубрики во кои што разговараме со стручни лица од разни области кои што се поврзани со кошарката, претставуваме една правилна исхрана во тренажен ден.

Автор на слендите редови е Анатолиј Романов, сертифициран личен тренер од Националната Академија за Спортска Медицина (NASM).

Сакам да потенцирам некои основни поделби кои што се исклучително важни.

Во текот на денот треба да се внесуваат одреден број на калории преку хранливите производи, а макронутритиентите или големите групи на хранливите состојки, наједноставно се делат на протеини, јагленохидрати и масти.

Кошаркар треба да ги подели своите оброци во следниот редослед:

– Протеин 30 %
– Јагленихидрати 45 %
– Маснотии 25 %
– 6 гр. Сол (јодирана)

Еден од можните калкулатори за макронутритиентите, кој што може да се применува. Првата респределба е за губење на масни наслаги, втората за одржување на телесната маса, а третата за зголемување на мускулната маса за сметка на масата на целото тело.

Во текот на денот потребно е да се внесат најмногу јагленихадрати за енергија, протеини за регенерирање и маснотии за хормоните.

Натриум е исто така исклучително важна состојка која што го подобрува перформансот, ја зголемува издржливоста, го забрзува опоравувањето, го подобрува имунитетот со тоа што уништува токсини итн.

Во следниот прилог за тренинг и исхрана, ќе читате за сонот и за распоредувањето на оброците во текот на еден ден.