ПОЧЕТНА НБА Што и да се случи, ова е историски ден за Голден Стејт!

Што и да се случи, ова е историски ден за Голден Стејт!

сподели
Ezra Shaw (AFP)

Торонто Репторс ја има втората меч-топка во финалната серија против актуелниот шампион, сега на теренот во Калифорнија.

Ако ја искористи, тоа ќе биде посебен момент за канадската франшиза бидејќи ќе оствари победа на последниот натпревар што се игра во Оракл арената во рамките на НБА лигата. По мечот, домот на Голден Стејт Вориорс заминува во историјата бидејќи во иднина овој тим ќе игра во новоизградената Чејс арена во Сан Франциско.

Вориорс се преселија во Окленд од Филаделфија во 1962 година и првите сезони беа домаќини во Сан Франциско. Оракл арената била изградена во 1966 година, а пет години подоцна тимот го смени името во Голден Стејт во чест на сојузната држава Калифорнија.

Во 1975 франшизата ја освои првата шампионска титула во новата арена, трета во нејзиното постоење, а потоа чекаше четири децении за да дојде до четвртата. Во Оракл арената Вориорс дојдоа до рекордот на НБА од 73 победи во основниот дел од сезоната.

По 53 години дојде денот за разделба, дали Торонто Репторс ќе ја затвори со шампионска титула или Вориорс ќе ја врати надежта, ќе се знае по шестиот натпревар, рано изутрина, во 3 часот по средноевропско време.