ПОЧЕТНА Евролига Што и да се случи во Виторија, Обрадовиќ не можат ни да...

Што и да се случи во Виторија, Обрадовиќ не можат ни да го допрат

сподели
euroleague.net

Српскиот стратег ќе настапува на завршниот Евролига самит со својата екипа Фенербахче од Истанбул, петти пат по ред. Досега, има вкупно има 17 настапи на фајнал-фор турнирите со 5 екипи.

Жељко Обрадовиќ има 9 титули со пет од шесте тима што ги предводеше, а тоа се Партизан, Хувентуд Бадалона, Реал Мадрид, Панатинаикос и Фенербахче. Нема европска круна само со Бенетон. Во кариерата има 40 трофеи.

Од присутните тренери на Ф4 соочувањето, Пабло Ласо има две титули со екипата на Реал Мадрид, Димитрис Итудис има една со ЦСКА Москва, Ергин Атаман се уште не го помирисал шампионскиот пехар.

euroleague.net

Српскиот стратег има три пати повеќе титули во Евролига од другите тројца заедно, на овој фајнал-фор, што значи уште долги години ќе биде недостижен на врвот на листата на најуспешни европски тренери.

Во 18:00 часот, во првото полуфинале ќе играат Фенербахче и Анадолу Ефес, додеа од 21:00 часот во второто полуфинале ќе се сретнат Реал Мадрид и ЦСКА Москва. Сабота е слободен ден, в недела е финалето.