ПОЧЕТНА Тренинг Што е спортска масажа и колку се разликува од другите?

Што е спортска масажа и колку се разликува од другите?

сподели

Името кажува – тоа е масажа на мускулите, со која што се третира мекото ткиво на човековото тело. Треба да ја изведува обучен и едуциран физиотерапевт, кој што ќе го подготви спортистот и ќе спречи евентуални повреди, односно ќе го врати спортистот во функција по одредена спортска повреда.

Овој тип на масажа може да ја практикуваат и луѓе кои што не се занимаваат со спорт, но повторно треба да се обратат кај стручно лице. Има разлика меѓу длабоката масажа, која што се нарекува и медицинска масажа, обичната масажа која што најчесто се нарекува релакс масажа и спортската масажа.

Спортската масажа може да се смета како еден вид длабока масажа, со акцент на мускулите во зависност од тоа колку е потребно да се притиска.

Може да се појави одредена доза на дискомфорт, при спортската масажа, но тоа, доколку масажата е изведена од стручен кадар, може да биде нормално. Доколку не е, тогаш физиотерапевтот ќе знае како да реагира и да го упати пациентот што треба да се прави понатаму.

Евентуалното чувство на болка може да се јави во зависност од степенот на напнатост на телото и количината на токсините во мускулите. Спортската масажа ги релкаксира мускулните влакна и конективното ткиво, ги исфрла наталожените материи. Со овој тип на масажа се зголемува флексибилноста и мобилноста на зглобовите.

Бенефитот од спортската масажа е намалување на тензијата во мускулите, зголемување на опсегот на движење, подобрена релаксација, подобар степен на опоравок, подобра циркулација и слично.

Симе Стојчевски и Перо Блажевски

Најголемиот број елитни спортисти практикуваат спортска масажа еднаш неделно. На аматерите им се препорачува најмалку еднаш на две недели, додека на обичните луѓе најмалку на три недели или еднаш месечно.

Една сесија на спортска масажа трае 30-тина минути до еден час, од голема помош е при спречувањето на повреди при тренинзите или вежбањето.

стручен соработник:
Симе Стојчевски
Физиотерапевт