ПОЧЕТНА Избор на уредникот Што ако навистина се сретнеа Обрадовиќ и Гомељски?

Што ако навистина се сретнеа Обрадовиќ и Гомељски?

сподели

Ова е приказна за еден од најдобрите европски тренери во моментов и еден од најдобрите европски тренери, на сите времиња. Терминот најдобар е често пати злоупотребен и извулгаризиран, па затоа ќе појасниме зошто го користиме.

Затоа што Жељко Обрадовиќ има рекордни три признанија тренер на годината во Евролига и вкупно рекордни 9 титули со 5 различни тима, а Гомељски прв ја освои тројната круна со АСК Рига и се смета за основоположник на кошарката во Европа.

Александар Гомељски е член на Куќата на славните на Најсмит (1995) и на ФИБА (2007).

Жељко прв пат се закити со одличјето Гомељски во сезоната 2006/07 кога труимфира со Панатинаикос, во финалето во Атина, против ЦСКА Москва.

Аплицирајте веднаш за

Втор пат го освои 4 години подоцна, кога со Панатинаикос победи во Барселона, против Макаби. Со Фенербахче ја покори Европа сезонава, против Олимпијакос и по рекорден трет пат стана најдобар европски тренер.

Панатинаикос (Атина, финале 2007)

Гомељски ги освои првите три европски титули, во првите три сезони по основањето на европското клупско натпреварување, од 1958-та до 1960-та година. Четвртата титула ја освои со ЦСКА во 1971-та година.

Освои 6 репрезентативни европски титули, 2 светски и една олимписка, 1988-та година во Сеул, сите со репрезентацијата на СССР.

Освен на СССР, Александар Гомељски беше селектор на Франција, Шпанија и на САД. Во 1972-та година, пред Олимписките игри во Минхен, неговиот пасош бил конфискуван поради сомнежи на КГБ дека Гомељски, кој што има израелско потекло, ќе пребега во Израел. Тогаш, без него на клупата, Советите го освоија првото олимписко злато, во контроверзното финале против САД.

Токму последнава е една од клучните, ако не е и клучната, не само во приказнава туку и во кариерата на најтрофејниот европски тернер во моментов и сигурно во блиска иднина, затоа што ни одблиску нема конкурент за овој епитет.

Тогаш, пред 29 години, таткото на европската кошарка Александар Гомељски, последен пат се закити со едно одличје, а на другата страна, во составот на тогашна Југославија која што го загуби олимпиското финале, играше денешниот генерал над сите генерали, Жељко Обрадовиќ.

Жељко Обрадовиќ во дресот на југословенската репрезентација, на Летните Олимписки Игри во Сеул, 1988-та година.

Скоро 30 години траеше плодната кариера на Гомељски, Обрадовиќ е тренер цели 26 години. Заедно со нивната последна компетитивна средба пред 29 години, тоа се многу симболични бројки, многу испреплетени титули, многу моменти што ги поврзуваат овие две имиња.

Може да претпоставиме, а можеби и не можеме да претпоставиме, колкаво влијание имал Александар Гомељски врз кариерата на Жељко Обрадовиќ. Гомељски почина 2005-та година, а оттогаш 10 имиња ја освоија неговата награда.

Жељко Обрадовиќ на завршниот турнир на Евролига во Берлин (2016), кога го освои второто место во финалето против ЦСКА.

Да е жив Гомељски, може само да замислиме, а може и не можеме да замислиме, каква би била прегратката при доделувањето на наградата што го носи неговото име, нешто слично како што тоа го прави Бил Расел во НБА лигата кога го прогласува МВП кошаркарот на финалето.

Со тоа што, оваа прегратка, европскава, би била многу посрдечна. Штета што постојат во различни кошаркарски ери, инаку би било вистинско уживање да ги гледаме еден против друг на клупите на два спротивставени тима.